Амбаcaдopите на Прилеп и Македонија утре ќе го одржат својот 72 годишен концерт

На 14 септември /сабота/ 2019, во големата сала во НУЦК Марко Цепенков, со почеток од 20 часот, КУД„Мирче Ацев“Прилеп ќе го одржи својот 72-ри годишен концерт.

Покрај членовите на прилепското друштво, гости на концертот ќе бидат и хрватското културно уметничко друштво „Коло“ од Суботица, од Р. Србија. ХКУД„Коло“ е младо фолклорно друштво во кое членуваат припадници на харватското малцинство во Србија, кои се идентификуваат како посебен етникум Буњевци. Ова друштво е оснивано со цел да се зачуваат буњевачките игри, песни, носии, инструменти и обичаи, како би го истакнале својот идентитет.

Членовите КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп, во почетокот на Август, оваа година, беа гости во Суботица на фестивалот „Дужијанца“, каде беа срдечно пречекани од хрватскиот културен центар „Буњевачко коло“ од Суботица, но по покана од претседателот на ХКУД„Коло“, Андрија Башиќ Палковиќ.

Од тука започнала соработка со тоа друштво, а продолжува во Прилеп, каде буњевците од Суботица ќе бидат гости во нашиот град.

КУД „Мирче Ацев“ оваа година реализираа бројни концертни турнеи, покрај во нашата држава, гостуваа во Србија, во Бартин, Турција, како и во Познањ, Полска, каде во октомври повторно ќе гостуваат на покана на Институтот за Славјанска филологија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.