Министерот за внатрешни работи на техничката влада Наќе Чулев одлучи кои началнички позиции ќе бидат сменети во неговиот мандат до одржување на изборите – eксклузивно дознава “ТВ АЛФА”.
Законот дозволува Чулев да направи 15 нови назначувања на челни позиции на сектори, оддели и единици, за кои решенијата се веќе изготвени. Според информациите на Алфа, нови началници ќе има во секторите за внатрешни работи на Скопје, Велес, Битола, Струмица, Штип и Охрид.
Нов началник Чулев ќе назначи и на Одделот за организиран и сериозен криминал, Внатрешната контрола, на Одделот за специјални полициски операции, како и на Единицата за интервентна полиција и Единицата за специјални задачи „Тигар“.
Повеќе погледнете ТУКА