Александар Николоски – министер кој ја забрза Македонија! Ретроспектива на изминатите 365 дена Влада и се’ она што е направено (ВИДЕО)

Во само една година од преземањето на функцијата министер за транспорт и врски, Александар Николоски го покажа она што граѓаните одамна го очекуваат – работа, посветеност и реални резултати на терен! Со јасна визија и енергија што ретко се гледа во домашната политика, Николоски успеа да го забрза темпото на инфраструктурниот развој како никој досега во првата година од мандатот.

Силната посветеност на премиерот Христијан Мицкоски и Владата за завршување на веќе децениските проекти и отпочнувањето на нови инфраструктурни зафати, е секако негов ветер во грбот, но граѓаните веќе заборавија како е да се работи, изгубија надеж, а општеството во изминатите години почна да ни тоне во апатија. На Македонија и’ недостигаа добри вести, на Македонија и недостигаше надеж дека работите можат да се променат.

Во изминатата година гледаме дека работите можат да се променуваат кога некој искрено сака. За само 365 дена Министерството за транспорт и врски под водство на Николоски направи револуционерни промени во целата држава.

Се завршија и се ставија во употреба:

Експресниот пат Страцин до Крива Паланка – Со пуштањето во употреба на овој експресн пат од Страцин до Крива Паланка, патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а од Крива Паланка до Куманово наместо еден час се патува за 40 минути.

Пругата Куманово – Бељаковце

За Прилеп и Пелагонија од огромно значење, пуштена во употреба првата делница од експрениот пат Прилеп-Градско, односно делницата од Градско-Дреново во должина од 15,5 километри

Очекувањата се дека до крајот на месец јуни, ќе биде ставен во употреба и вториот дел од овој експресен пат, односно потегот од Дреново до Фариш.

Пуштен во употреба е и реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум – пат кој беше заборавен, пат кој го заслужуваше Охрид, го заслужуваа граѓаните, туристите…

После години стагнирање, конечно и автопатот од Охрид до Кичево почнува да го гледа светлото на крајот од тунелот – пуштена е во употреба првата делница од ПОДМОЉЕ до ОХРИД

Тука не може, а да не се споменат и десетината нови авиолинии од македонските аеродроми до светските и европските дестинации.

Од скопскиот аеродром повторно се лета до Барселона и Дубаи. Нови линии се тие до Лион, Штутгарт, Париз, Женева…

На охридскиот аеродром, новина се линиите Охрид-Базел-Охрид и редовната линија Охрид-Истанбул-Охрид.

Тука секако е изградбата на автопатите од договорот со БЕХТЕЛ и ЕНКА, каде работите конечно почнаа да се одвиваат во правилна насока. Државата повеќе не плаќа за ништо, се работи на голем фронт, особено на автопатот од Прилеп до Битола, каде на 85% од трасата се завршени работите се рашавање на имотно-правните односи, a моментално се извршуваат градежни работи на речиси половина од трасата.

Ова се само дел од активностите на вториот човек на Владата во изминатите година дена, па нека бидат поттик и за останатите министри, директори, функционери…. дека работите и тоа како можат да се променат на подобро само ако се сака и се влoжува целата енергија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.