Албанците го сметаат Илинден за свое востание и нема да запреме со инклузивност додека Албанците не добијат 100 отсто еднаквост (Видео)

Додека не се спроведе 100 отсто еднаквост, нема да запреме со инклузивност на Албанците, вели премиерот во заминување Зоран Заев во интервју за српската телевизија Пинк и тврди дека Тиранската платформа и двојазичноста во „Северна“ се лага.

-Албанците го сметаат Илинденското востание за свое, затоа што имало Алнаци кои се бореле во самото востание против oсманлиското ропство кое владеело на цалиот Балкан па и во тогаша Република Македонија. Во такви околности, денеска нема никакви барања, нити тогаш ги имало, вели Заев, кој исто така првоат слуша од новинарката на ТВ Пинк за резолуцијата за геноцид врз албанското население од 1912 до 1956 година.

Тој одговара на повеќе прашања на новинарката во ТВ интервјуто, за скратената верзија на химната што Тамара Тодевска ја испеа во Американската амбасада.

Покрај промената на името, нема барања за промена на химната, знамето, грбот од било кого. Химната која нашата евровизиска преставничка ја испеа, ја исепа целата без една стофа. Нашата химна се интонира со скратени две строфи, една строфа или цела ако се интонира инструментално. Интепретаторката Тамара ја отпеа скратена без една строфа. Тоа беше пропуст на кој се реагираше.

За режимот на Слободан Милошевиќ вели дека дозволил да се создадат услови за отцепување на Албанците, од што штета имаат и Косово и Србија.

-Мислам дека времето на Милошевиќ го направи своето, Косово да се оддели од Србија. Косово и Србија денес имаат проблем со тоа. Ние мислиме дека не треба да дозволиме да создадеме услови Албанците да помислуваат за цепење од средини каде што живеат во РС Македонија. Правиме инклузивен процес поучени од минатото. Овој инклузивен процес во РС Македонија успева. Ние денес сме на исто рамниште граѓани, со еднакви права и еднакви обврски, со тенденција да се унапредува додека не се постигне 100 отсто еднаквост, вели премиерот во заминување.

Во интервјуто премиерот во заминување зборува и за Шарената револуција во Македонија, за коалицирањето со партиите на Албанците, за Боки 13…

Делот за Албанците почнува во 23.35 минути.

Извор: “Курир”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.