Албанци во Сингелиќ излегоа на протест: Барале ослободување на приведени кои не го почитувале полицискиот час? (Видео)

Граѓани од скопската населба Сингелиќ вечерва излегоа на протест против полицискиот час кој на целата територија на Македонија е во сила од 16:00 до 05:00 часот секој ден.

Како што пишуваат дел од медиумите, протестот бил поради апсење на некои граѓани кои не го почитувале полицискиот час.

На протест се појави и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски кој, колку што може да се види на едно од видеата поставени на социјалната мрежа Фејсбук, ветува дека ќе извади две приведени лица од Полициска станица.

-Полека малку да се собереме. Ќе одам до станица… ќе го викнам началникот. Само тргнете се од страна полициски час е. Ќе одам до станица, ништо не им фали на двајцата, ќе ги земам и ќе се вратам со началникот. Имате од мене збор, значи, тргнете се, им вели Георгиевски на собраните граѓани.

За првпат во историјата на Македонија, полициски час беше воведен од 22 март годинава поради појавата на вирусот Ковид-19. Во почетокот тој важеше од 21 часот, но потоа мерката беше заострена.

ВИДЕО: ТETOVA NEWS




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.