Албанскиот готвач го симна македонското знаме на Голем Кораб, кое ученици од Прилеп го поставија до албанското (ВИДЕО)

Aлбански планинари предводени од познатиот албански готвач Изет Шулку, вчера го симнаа македонското знаме од планинскиот врв Голем Кораб и го заменија со албанско.

Според Шулку Кораб бил албански врв и таму немало место за македонското знаме.

Инаку, нашето знаме таму го поставија учениците од ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” од Прилеп, кои заедно со нивниот професор по географија, Милан Јаковсоки, за неколку недели ги искачија сите највисоки врвови во Македонија. Целта на нивната географска секција е дружење и запознавање со македонските национални убавини, а нивниот подвиг беше пофален од целата јавност, не само во Прилеп, туку и во целата држва.

Дечките со нивниот професор македонското знаме го поставија веднаш до албанското, без да го симнуваат државниот симбол на соседната земја, знаејќи дека Голем Кораб е колку македонски, тулку и албански планински врв.

Децата покажаа дека знаењето и љубовта кон природата, ги победуваат ваквите грозни националистички испади на возрасни поединци националисти.

Засега нема реакција од властите во Македонија за потегот на Шулку, кој во најмала рака заслужува да му се забрани влез во Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.