По вчерашниот силен ветер кој ја погоди Македонија, метеоролозите имаат нови информации за времето од денеска.
Од денеска времето ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено.
Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени.
Во Прилеп температурата ќе се искачи до 15 степени.
Од среда наутро осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата.
Постепено затоплување ќе има кон крајот на неделата.