Во периодот 19/20.09.2022, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Прилеп извршија засилени сообраќајни контроли, при што контролирани се 45 возила, а санкционирани се девет возачи. Од нив пет возачи го управувале возилото без возачка дозвола, три возеле под дејство на алкохол и санкциониран е уште еден прекршок.
Исто така, при контролите на полициски службеници од Одделот за униформирана полиција при БЈБ во соработка со ОВР Прилеп од слобода биле лишени две лица. На ул.„Карпалак“ од слобода бил лишен Б.М.(23) од Прилеп затоа што при преглед кај него и возилото „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена марихуана.
Кај с.Тројаци, прилепско, од слобода бил лишен Т.П.(37) од с.Возарци, кавадаречко, затоа што при контрола било констатирано дека врши јавен превоз без соодветна документација, а притоа не поседувал ни возачка дозвола.
По документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.