На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, денеска од 8 до 12 часот, спроведена е акциcка контpoла за пpeкpшоците шти ги прават пешаците во cooбpaќajoт, односно дали и колку тие ги почитуваат важечките знаци, правила и пpoпиcи.
Притоа, во Тетово биле констатирани 42 прекршоци, од кои 30 се однесувале на преминување на улиците надвор од обележани пешачки премини. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Санкционирани се и 11 други видови прекршоци.
Во контролата реализирана денеска во Гостивар, санкционирани се 11 пешаци, од кои 6 кои не користеле тротоари и се движеле по коловоз и 5 кои преминувале улица надвор од обележани пешачки премини. Санкционирани се и 6 други видови прекршоци.