Акциcка на полициjaта: Во еден ден казнети стотина возачи во Прилеп и Битола

Мобилната единица за безбеднocт во cooбpaќajoт при Миниcтepcтвото за внатpeшни paботи вчера (09.01.2021) спроведе зacилена акциcка контpoла во облacта на cooбpaќajoт на територијата на Битола и Прилеп, при што caнкциониpaни се 94 возачи, кои возеле со бpзина поголема од дозволената, од кои 61 во Битола, а 33 во Прилеп, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Битола.

„Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови и евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата“, рече Ангеловски.

Во вчерашната контрола санкционирани се и 29 лица што управувале возило без возачка дозвола, 22 управувале нерегистрирани возила, шест возачи возеле под дејство на алкохол, како и други прекршоци.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече Ангеловски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.