Водата за пиење во Прилеп ќе поскапи за 17,9%, а одлуката е веќе објавена во Службен весник на Република Македонија.
Ова денеска го соопшти директорот на ЈКП Водовод и канализација, Игор Гулабовски, кој рече дека новата цена ќе се однесува веќе на сметките за јули.
“Ова е трет регулиран период 2023-2026. ЈКП Водовод мора да ги примени овие цени и истите стапуваат во сила веднаш”, рече Гулабоски кој додаде дека ако едно семејство трошело 10м3 месечно, а плаќало 610 денари, сега ќе плаќа 730ден.
Според Гулабоски ова е најмалото можно зголемување на цената на водата, многу помало од тоа што Регулаторна комисија го побарала од нив во месец јануари годинава.
Новата цена се однесува само на тарифата на водни услуги од сметките на ЈКП ВиК.
Гулабоски истакна дека откако тој раководел со претпријатието, истото било на работ на опстанок. Според него истото сега ќе станело постабилно. ЈКП Водовод и канализација има 198 вработени.