Цела јавност ја виде снимката на која на настан во чест на проектот Отворен Балкан во Елбасан се сликаа Зоран Заев, Еди Рама, Александар Вучиќ и Димитар Ковачевски.
Но само Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит открива дека Ковачевски не бил дел од оргиналниот протокол туку откако е направена првата сесија Заев го повикува со зборовите: Таче дојди бе со нас.
Според видеото Заев го праќа наследникот да се слика меѓу Вучиќ и Рама но двајцата одбиваат тој да застане меѓу нив и го застануваат до Заев.
Во исто време Рама се шегува и на новинарите на шега им објаснува дека Ковачевски е од Монтенегро односно Црна Гора.