Ако планирате да одите на одмор во Црна Гора подгответе се за ова – нов удар по џебот на туристите

Министерството за економија на Црна Гора ја соопшти промената на цените на нафтените деривати во Црна Гора и кажа дека тоа е предизвикано од растот на цените на нафтените деривати на светската берзам како и јакнењето на доларот во однос на еврото.

Новата цена на дизелот сега ќе изнесува 1,30 евра, односно 154 динари, а безоловниот бензин БМБ 98 кој поскапе за 3 центи сега чини 1,44 евра односно 177 динари.

Цената на БМБ 95 е зголемена за 4 центи и сега чини 1,41 евра, односно 167 динари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.