АКО НЕКОЈ ТРЕБА ДА БИДЕ РЕВОЛТИРАН ОД ОДНОСОТ НА ПОЛИЦИЈАТА, ТОА Е НАРОДОТ: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ секогаш на страната на народот!

Ако некој треба да е незадоволен од односот на полицијата тоа е народот, изјави вчера во интервјуто за Телма, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, потенцирајќи дека против граѓаните кои беа собрани околу Собранието била употребена сила, за разлика од протестите на како што вели, платените протестанти кои минатата година ја запалија канцеларијата на Иванов, и го вандализираа Скопје

sadadsadsaads

Водителот Чомовски, во обид да спинува со ситуациајта се обиде да наметне дека полицијата употребила прекумерна сила врз шарените минатата година. На тоа Груевски одговори со контра прашање:

„Која брутална сила беше применета? Кога ја запалија канцеларијата на претседателот? Кога? Кога направија кордон кај штабот на ВМРО-ДПМНЕ да не го запалат? Требаше да ги пропуштат да го запалат штабот на ВМРО-ДПМЕ? Кога? Кажете ми во кој случај? Дали кога беа пред Владата на 5-ти мај кога повредија 40 полицајци, кога ги однесоа во болница? Тогаш ли не постапија професионално?“ – запраша Груевски

На ова додаде, дека ако некој треба да биде незадоволен од односот на полицијата тоа е народот.

„И да ви кажам. Ако некој може да реагира на односот на полицијата синоќа се граѓаните, затоа што токму заради интервенцијата на полицијата која беше неопходна, се повредени повеќе граѓани. Поради шок бомбите којшто според она што ми го кажа Чавков било најмалото нешто што можеле да го употребат во таква ситуација“ – додаде Груевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.