Северна Македонија е лидер во сите реформски процеси на Балканот, вели во интервјуто за Дојче веле, премиерот Зоран Заев. Според него, главната битка е како да се задржат младите луѓе да не заминуваат од земјата.
„Кога (ЕУ, н.з.) ќе одлучат да ни го овозможат овој заслужен следен чекор, нека ни се јават, затоа што по 16,5 години чекање, тоа е преголема траума. Имавме 12 позитивни препораки од Европската комисија, имаме 100% успешност на реформскиот процес според последниот извештај за Западниот Балкан и највисок резултат со остварени 63% од заклучоците за реализација на Програмата за економски реформи. Ние сме лидери на Балканот. Затоа кога ќе донесат одлука ние сме подготвени, а во меѓувреме, ќе ја продолжиме европеизацијата на Северна Македонија“, вели Заев во интервјуто за емисијата „Конфликтна зона“ на Дојче веле.