Ако на дното од шишињата co вoдa ги пишyвa oвиe бpoeви, вeднaш фpлeтe ги

Луѓето обично го користат истото пластично шише со вода или сок повеќепати, не знаејќи дека може да биде отpoвно. Но некои амбалажи се наменети само за еднократна употреба!

На дното на секоја пластична амбалажа има триаголник со број на средина, а подолу е ознаката која ви кажува колку е опасна пластиката што ја држите во рака. Ако шишето е наменето за еднократна употреба, не треба да го користите повеќе од еднаш.

Еве што значат ознаките: Повеќето шишиња од минерална и обична вода и газирани и негазирани пијалаци ја имаат ознаката PET (често и PETE) (број 1 во триаголникот). Важно е да знаете дека тие се наменети само за една употреба.

Постои можност со секое ново полнење, тешкиот метал антимон, хемиското соединение EPA, да се испушта во водата, што го попречува дејството на хормоните. Таквите шишиња можат да испуштаат и канцерогени материи.

Ќе го препознаете по етикетите HDP (или HDPE), LDPE и PP, или по броевите 2, 4 и 5. LDPE е вид пластика која, за жал, главно не се користи за изработување на шишиња, туку само за ќесички за пакување храна. HDP е добар избор, како и PP, кој главно се користи за чашите со јогурт и има бела боја.

Целосно избегнувајте ја пластиката со ознака PVC (понекогаш и 3V), PS и PC (често и без етикета), или по броевите во триаголникот – 3, 6 и 7.

PVC испушта две опасни хемикалии, кои ја попречуваат работата на хормоните во организмот. И покрај тоа, оваа пластика се користи за производство на шишиња.

PS испушта во водата канцерогена супстанција – СТИРЕН. Најчесто се користи за пластични чаши за кафе, за еднократна употреба или за амбалажа на брза храна.

PC (или без ознака – број 7) е најлошата пластика за амбалажа на храната, бидејќи ја ослободува опасната хемикалија БПА (бисфенол А). За жал, се користи за амбалажи за бебиња, шишиња за спортисти и за садови за подготовка на храна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.