Oткако деновиве од парламентарното мнозинство истакнаа дека планираат пратениците да работат и гласааат од дома, врие од жестоки реакции на социјалните мрежи. Граѓаните бараат пратениците како и работниците, лекарите, новинарите… редовно да одат на работа и да ги оправдаат високите плати.
Интересен статус на Фејсбук кој предизвика голем број реакции напиша Силвана Митрева:
“Ако можат текстилните работнички, продавачките, лекарите, јас и останатите граѓани кои ви даваат плата, да одат на работа, ќе си одите и вие г-да пратеници.
Ако сакате онлајн парламент, ќе ви отвориме канал на јутуб , па ќе ве плаќаме од преглед.
Ги имате сите услови за заштита, огромни сали кај што можете да држите дистанца, ќе си носите маски и ќе си работите како сите.
Во ништо не треба да бидете повластени. Вие сте наши пратеници, како е за народот, така и за нивните пратеници.
Народот ви ги овозможи сите услови, а вашите животи не се повредни од нашите”.