Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во синоќешното гостување во дебатната емисија Клик Плус на ТВ 21 истакна дека доколку на референдумот за промена на името излезат помалку од 900 илјади гласачи на референдумот тој ќе биде неуспешен.
Тој посочи како пример го посочи референдумот од 2004-та година за територијалната распределба на кој 96 проценти од гласачите гласа за, но цензусот не беше исполнет и токму поради тоа референдумот беше прогласен за неуспешен. Според Мицкоски многу е едноставно, законот или го почитувате или не, компромис со законите нема.
-Дали беа доволно гласови 450 илјади гласови за во 2004-та година за да не помине законот за територијалната распределба? Референдумот беше неуспешен. Никој не рече тогаш видете од овие 450 од 460 илјади излезени, 96 проценти беа против територијалната, три, четири проценти беа за. И никој не го сопре процесот, процесот си помина, референдумот беше прогласен за неуспешен. Никому ништо. Многу едноставно или го почитувате законот или не го почитувате. Вие компромис со законите нема, потенцира Мицкоски.