Mинистерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска во ООУ “Рампо Левката” ја отворија градинката за 100 деца, проект кој започна со реализација кон средината на минатата година, а беше готов уште во октомври месец.
Можеби поради тоа што се обидоа да го го претстават како свое дело и исполнување на ветувањето на градоначалникот за изградба на две градинки во Прилеп, се случи бламирање и во јавност излезе целото незнаење…
Фотографиите во продолжение говорат се’:
Од општината подоцна се поправија, па “Рамо” го сменија во Рампо. Сепак, бламажата не остана незабележана од јавноста, па прилепчани реагираа на ваквото непознавање и непочитување на народните херои.