На пазарот прво се појавија ДВД, потоа Blu-ray, а сега на тронот на популарноста ги превзема ТВ и Интернетот. Меѓутоа некои од старите VHS касети денеска вредат вистинско богатство, па некои примери на пазарот можат да се купат и за 2.000 евра.
– Интересно е да се види како одредени вредности на VHS касетите пораснале во последните 40 години, изјавил Вил Томас.
Старите касети се само дел од старата технологија која сега се собира како антиквитети.
– Можеби звучи чудно кога гледате декА VHS вреди толку, но станува збор за цифри од неколку стотина, па и илјада евра, додал Томас.