Последната фестивалска вечер на “Пиво Фест 2016” ја одбележа супер енергичниот настап на легендарните Парни Ваљак. Илјадната публика уживаше на старите и нови хитови и заедно со Аки ги пееше во еден глас.
Момците од групата беа пресреќни што своите 40 години постоење ги одбележаа во Прилеп со еден ваков голем концерт, или како што неколку пати Аки кажа “Преубаво е да си дома”.
Oна што ја фасцинираше публиката беше енергијата на Аки Ракимовски, кој не престана да скока по целата сцена, човекот живее во нова младост.