“Административците под страшен стрес: Заев најави чистење на администрацијата?”

За сите вработени буџетари кои имаат свој приватен бизнис нема да има место во јавната администрација, додека оние административци кои ќе склучат договор со приватна фирма ќе добијат бруто плата и 6 отпремнини.

Преку овие два модела бившиот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев најавува дека ќе ја намали администрацијата за 20%, доколку повторно тој ја оформи новата Влада.

Нема да ги бркаме, процес кој е почнат работи како службеник, а е газда на фирма ќе им се заблагодариме. Ќе им понудиме пакт со стопанските комори, кој ќе склучи договор во приватен сектор бруто плата и 6 отпремнини, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ .

А дигитализацијата на јавните услуги дополнително – во некои институции ќе ја намали потребата од нови вработувања во јавната администрација, вели министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски. Презентирајќи ги услугите во министерството за труд, министрите посочија дека електронските услуги ќе овозможат поголема ефикасност на вработените, кои наместо со административни работи, сега ќе можат да се посветат на стручната работа која треба да ја извршуваат..

Со ова ние ќе ги ослободиме за да навистина можат да се присутни на терен меѓу граѓаните и да се посветат на суштинската работа, зборувам за Центрите за социјална работа, истакна Санела Шкријељ, дополнителен заменик министер за труд и социјална работа . Во различни институции различно, некаде да, ќе се покаже дека се вишок., вели Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.

За наредниот период Манчевски најави дека електронски ќе се поднесуваат и барања за издавање на лични документи, уписи на деца во градинки и училишта.

Националниот портал досега има 10 илјади корисници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.