Адеми побара примена на албанскиот јазик и преведувач во Судски совет

Членот на Судскиот совет на РМ, Селим Адеми на почетокот на денешната седница побара од претседателот на СС, Зоран Караџовски да се почитува Законот за употреба на јазиците.

Имајќи предвид дека е донесен Законот, барам поканите за седниците на Судскиот совет да бидат и на албански јазик, а воедно да се обезбеди и преведувач, рече Адеми.

Претседателот на СС, Караџовски рече дека сите знаат дека Законот е донесен, но дека и во него има рокови за негова имплементација.

Јас имам намера да го почитувам Уставот на РМ и законите и нема да се чека последниот рок, рече тој.

Караџовски изрази надеж дека во најскоро време ќе се остварат правата согласно Законот.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.