Адвокатот што доби пријава за Сонцето од Кутлеш на Водици: Аирлија нека е, ние Македонците не се плашиме на нашите душмани

Адвокатот Тони Менкиноски кој вчера доби пријава од СВР Охрид за истакнување на огромното знаме со сонцето од Кутлеш на Водици не се кае за што што го сторил ниту се плаши од обидот на власта да го заплаши.

Менкиноски кој е бранител на македонските здруженија во Бугарија со кои има добиено десетина предмети во Стразбур порачува дека треба да се плашат тие што сакаат да го забранат македонскиот симбол а не Македонците.

,,АИРЛИА НЕКА Е !!!

Да разјасниме, јас не се чувствувам виновен за тоа што го развеав Македонското сонце кое е симбол на мојот народ ! Не се каам, а напротив се чувствувам достоен и горд како Македонец !!!

Немам намера да се спогодувам и да плаќам казни и глоби со кои сакаат да ме замолчат, а Вас да ве заплашат! Никогаш ние македонците не сме им се плашеле на нашите душмани.

Нека се плашат оние што сакаат да ни го забранат или премолчат Македонското сонце од Кутлеш кое е вечниот симбол на македонскиот народ во Пиринот , Егејот, Вардарот, Гора , Преспа и секаде каде има Македонец достоен на своите корени.

Македонското сонце треба да стои на вашите балкони, дворови и улици , само така ќе покажеме чија е оваа земја и кој е овој народ”, порачува Менкиноски упатувајќи до јавноста синтагмата – Македонија на Македонците!!!

,,Битката продолжува исто онака како во исечокот од филмот „ Најдолгиот пат“. Сто за вас една за нас”, заклучува Менкиноски.

Менкиноски предходно го истакна огромното знаме со сонцето од Кутлеш и во центарот на Скопје, но таму не доби пријава од полицијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.