„Алекс Хок даде многу непримерно објаснување, споменувајќи ги и антивакcepите“.
Во петок навечер по австралиско време, започна уште една нова „рунда“ во судењето на Новак Ѓоковиќ, во која Министерството за имиграција на Австралија донесе нова одлука, односно Алекс Хок му ја укина визата за престој во Австралија на Ѓоковиќ поради „закана по здравјето и јавното добро на жителите“.
Сослушувањето пред судијата Ентони Кели е во тек, а адвокатот на Новак, Николас Вуд изнел тврдење според кое Алекс Хок донел одлука која е во целост спротивна на причините кои ги изнесе граничната полиција.
„Делегатот кажа дека Ѓоковиќ може да ги зарази другите луѓе затоа што не е вakциниран. Тој гледа на овој случај и ги зема предвид сите претходни факти кои беа важни за Новак, дека секој претставен ризик останува. Господин Ѓоковиќ има медицински причини да не се вakцинира“.
Тоа што е интересно е тоа што адвокатот на Ѓоковиќ истакнал дека одлуката на Хок, Ѓоковиќ да остане, предизвикала „возбудување кај антивакcepската заедница“.
„Тој би можел да остане во Мелбурн и да предизвика возбудување меѓу антивакcepите, а од друга страна можеше само да биде депортиран од земјата, но има медицински исклучок“.
Според адвокатот, очигледната грешка е во зборовите и ставот на Алекс Хок дека останувањето на Ѓоковиќ би можело да предизвика „возбудување кај антивакcepите“, а додал и дека тоа нема баш никаков основ.