Адвокатката на убиецот кај Мавровка: При апсењето бил многу тепан, доставив приговор

Адвокатката Софија Лаличиќ која го брани осомничениот за вчерашното убиство кај Мавровка вели дека при неговото апсење била употребена прекумерна сила.

Во изјава за Сител, по завршувањето на распитот во Кривичниот суд вели дека одбраната доставила приговор за законитоста на лишувањето од слобода.

-Ова е многу рана фаза за да зборуваме за докази со полна доказна сила. Меѓутоа, основано сомнение има. Ги презентираше Обвинителот во судот, одбраната се противеше. Сметаме дека не се доволно цврсти во оваа фаза, не се обезбедени како што треба, меѓутоа судот ќе одлучи. Имаме примедби на начинот на лишување од слобода. Прилично бил тепан. Беа констатирани хематоми по рацете и телото, така што, ставивме привогор и на законитоста на лишувањето од слобода. Очекуваме судот и за тоа да одлучи, вели Лаличиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.