Пукната цевка во хидросистемот кој го наводнува плодното Прилепско поле, е причина што повеќе од месец и пол огромни површини засадени со тутун се наоѓаат пред сушење.
Земјоделците изминатите недели мака мачат да ги спасат своите посеви. Работници од “Прилепско поле” деновиве работеа на санација на дефектот и истиот првично беше саниран, но проблемот одново се појави.
Утрово од АД ,,Водостопанство” Скопје, под чија надлежност е подружницата “Прилепско Поле” во Прилеп, ги известува сите водокорисници, дека во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, интензивно се работи на дефектот на Главен цевковод ,, Лева падина ” Ф 700мм, на место викано ,,Сарика” и истиот ќе биде саниран за неколку дена со што ќе се воспостави нормално водоснабдување.