Митрополитот Агатангел во денешното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа реагираше на последната провокација на Каракачанов, кој празникот Oсми Март го честиташе со слика од Санстефанска, односно Голема Бугарија.
Митрополитот му врати со иста мера, покажувајќи слика од Обединета Македонија со сите нејзини делови.
„Бидејќи Каракачанов ја покажа Сантефанска Бугарија, јас ќе му ја покажам картата на цела Македонија, нека видат и нашите млади поколенија колкава била нашата земја македонска и нека се гордеат со тоа“, изјави митрополиотот Агатангел.
Митрополитот додаде дека има некои што се плашат од оваа карта, но ние како Македонци не треба да се плашиме, туку треба да се гордееме, бидејќи не сме украле ништо, ниту пак некого сме однеле во логор, порачувајќи дека треба да му ја мислат токму оние кои ја поделиле Македонија.
„Нон стоп напади и за црквата, и за јазикот, и за нацијата. Тие се плашат од оваа мала картичка, а ако им ја покажеме целата… Ова постои уште затоа што тау сѐ уште има Македонци“, порача Митрополитот.
Агатангел додаде дека и ние како Македонци многупати се посрамотивме, од промената на името, со договорите, Охридскиот, Преспанскиот, територијалната поделба, Договорот за добрососедство со Бугарија, но дека сѐ уште постоиме, и ќе постоиме уште многу време.
„Како Македонци ние многупати се посрамотивме од промената на името, со договорите, Охридскиот договор, Преспанскиот договор, територијалната поделба, сега договорот со Бугарија, што сѐ не преживеавме само во овие десет години, а сѐ уште сме тука, опстојуваме, и така и ќе биде“, порача Митрополитот Агатангел.