Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера околу 20.00 часот на патот Битола- Прилеп. Во несреќата учествувале автомобил марка „Опел Вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот Б.М. од Битола и автобус „Санос С314“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот З.С. од с.Единаковци, демирхисарско.
Според информациите на МВР, во сообраќајката со тешки телесни повреди се здобил Б.М., возач наавтомобилот Опел Вектра и на истиот му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициска станица – Битола.