Австриската влада во борбата против коронавирусот ги стави на располагање новите 22 милиони евра за истражувања, а во Салзбург веќе ги имаат првите успеси во лечењето.
Владата финансира клинички студии за лекови и супстанци против Ковид-19, а примариус др. Рихард Грајл од Салзбург вели дека постојат добри вести, односно дека има два нови лекови.
Richard Greil, a chief physician and head of the Salzburg crisis team, reports that there is a drug that significantly "slows down the inflammation storm“ in severe #COVIDー19 cases. The corresponding data will be published soon, ORF news reports. https://t.co/4KrjkQvY2M
— Christian Bettstetter (@bettstetter) March 22, 2020
“Еден лек може да го запре наглото воспалување. Податоците сеуште не се публикувани, но покажуваат дека може да ги намали тешките заболувања и за 90%”, изјави тој за австриските медиуми.
Двата споменати препарати веќе се користени во Кина и сега се тестираат во клиниката во Салзбург.