Руските авио-мотори важат за едни од најсилните во светот, а приматот за најмоќен го држи моделот НК-32 кој досега беше најсилен, а со ревидираната верзија ќе добие уште поголема моќност.
Главниот уредник на магазинот „Взљот“ Андреј Фомин објаснуа дека новаа верзија на тие мотори ќе му овозможи на авионот да лета во атмосферата, но и во стратосферат и дека ќе работи како реактивен. Максималната висина на летот на ТУ-160 со мотор НК-32 ќе изнесува 18.000 метри. Таа можност бомбардерот ќе ја користи за пробивање на противракетната одбрана на противникот.
ТУ-160 ќе се крева до границите на вселената, и со брзина од 2.000 км/час лесно ќе може да им побегне на ловците. Посадата при такви летови ќе облекува скафандери, кои личат на оние кои ги носат космонаутите.
За време на сириската кампања, Воздушно-космичките сили на Руската Федерација демонстрираа со какви можности располагаат нивните бомбардери кои ги лансираа најмодерните стратешки крстаречки ракети Х-101 во ненуклеарна изведба. ТУ-160М2 исто така има таква можност, така да ќе се користи не само во рамки на системот за нуклеарно вооружување, туку и за решавање на тековни мисии во интерес на безбедноста на Русија.