Абрашоски демантира: Не 2,5 милиони, на фирмата од Мариноски досега и’ имаме исплатено само пола милион денари

По објавата на Маркукуле дека Јавното комунално претпријатие “Комуналец” Прилеп, раководено од директорот Рубин Абрашоски, склучило договори со фирмата на советникот од СДСМ, Никола Мариноски, во вредност од речиси 2,5 милиони денари, со реакција се јавија од претпријатието, каде велат дека не исплатиле 2.5 милиони, туку на фирмата од Мариноски и’ исплатиле помалку и со тоа заштедиле во буџетот на претпијатието.

Договорите за јавни набавки на ветеринарни услуги, како и за храна за животни, птици и кучиња (сено, јачмен, пченица, царевка, сончоглед), на кои се повика Маркукуле се јавно објавени на веб порталот на Бирото за јавни набавки и секој граѓанин може да ги погледне со внесување на имињата на овие два правни субјекти (ЈКП Комуналец – Прилеп и ДООЕЛ “Прилепски текстилен Конзорциум”).

Но, и покрај тоа што договорите се јавни, од ЈКП Комуналец Прилеп обвинуваат дека Маркукуле ја доведувало јавноста во заблуда, притоа обидувајќи се истата објава да ја поврзат со некаков фејсбук статус на наш сограѓанин, чие име воопшто не е споменато.

Советник од СДСМ лапал тендери, опозицијата молчи?

Во демантот и барањето за, цитираме, “извиНивање”, JKП Koмуналец, или директорот, наведуваат како ги трошеле парите од споменатите три јавни набавки.

На јавноста да и стане појасно за што станува збор, и дали правилно се трошат, се штедат јавните пари, или се злоупотребуваат, ги објаснуваме во целост објавените огласи во 2022 и 2023 година, но и колку јавното претпријатие потрошило од планираното:

– Во 2022 година за Јавна набвака за втеринарни услуги имало 4 понуди од фирмите: Прилепски Текстилен Конзорциум, Медика Вет,Максераја, и Ветринарната амбуланта Дамески. По електроснката акукција за најниска понудена цена е избрана фирмата Прилепски Текстилен Конзорциум во износ од 1.180.000,оо денари со вклучен ДДВ. Од вкупно планираните финасиски средства во 2022 година, јавното претпријатие потрошило само 298.027,00 денари со вклучен ДДВ. Или, 881.973,оо денари не се потрошиле и останале во касата на ,, Комуналец’’, за да бидеме обвинувани за коалициски или други интереси со наведениот Мариноски.

-Во 2022 година за јавна набавка за храна за кучиња, птици и добиток, која набавка има два дела во дел 1 – храна за птици и добиток , постапката е поништена зашто немало поднесена ниту една понуда. За дел 2 храна за кучиња склучен е Договор за јавна набавка со ,, Прилепски Текстиелн Конзорциум,, Прилеп, на вкупен износ од 177.000,00 со ДДВ, и од истиот реализирани (потрошени) се 85.403,00 денари со ДДВ.

– За набавка на храна за птици и добиток, е спроведена нова постапка (2 пат), која исто така е поништена поради неподнесна ниту една понуда, при што се спреведува уште една нова постапка (3 пат) на која е поденсена една понуда и склучен е договор со ,,АГРОФООД,, ДООЕЛ Прилеп. Договорот е склучен на износ од 339.864,00 денари со вклучен ДДВ. Заклучно со 19.07.2023 година. Реализирани (потрошени средства) се 83.159,00 денари со ддв. Или, од вкупно планираните 1.696.864,оо денари за 2022 година, потрошени се 466.589,оо со вклучен ДДВ. За какава соработка, дилови, или дебели соработки е обвинето јавното претпријатие и првиот човек, кога процентот од планираното и потрошеното е една третина.

– Во 2023 година е објавен оглас за јавна набавка за ветеринарни услуги, на која е поденсена една понуда од ,, Прилепски текстилен Конзорциум,, Прилеп. Постапката најнапред е поништена согласно неарални цени на пазарот. При што економскиот оператор Прилепски Текситлен Конзорциум ,, Прилеп, достави Жалба до Државна Комисија за жалби за јавни набавки. ДКЖЈН со Решение ја враќа постапката на повторна евалуација. Согласно на повторната евалуација ЈКП ,,Комуналец,,- Прилеп, донесе Одлука за избор на најповолна понуда и е склучен Договор со ,, Прилепски Текстилен Конзорциум,, Прилеп. Договорот е склучен на износ од 1.180.000,00 денари со ДДВ. Заклучно со 19.07.2023 година реализирани (потрошени средства) се 120.998,00 со ДДВ.

– Во 2023 година објавен е оглас за храна за кучиња. На огласот се пријавени две фирми: Прилепски Текстиелн Конзорциум Прилеп и Гудиес од Скопје. Согласно спроведената Е-ауцкција, договорот е склучен со Гудиес -Скопје. Договорот е склучен на 17.06.2023 со финасика вредност од 154.698,оо денари.

Понатаму од претпријатието велат дека не биле должни да одлучуваат или одредуваат дали постои судир на интереси:

-Ние како јавно претпријатие не можеме и не смееме да спречиме било кој граѓанин да учествува на било која јавна набавка, согласно Закон и осгласно дел 3, Подготовка на понудата подточка 3.1 Право на учество 3.1.1. цитираме: Право на достава на понуда има секокое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.

Дали советникот во Советот на Општина Прилеп, Николче Мариноски има судир на интереси, не е наше да одредуваме или одлучуваме, за тоа постојат повеќе институции и тела во државава кои треба да одлучуваат, на што се повикува и граѓанинот Влатко Атанасоски во ФБ статусот. , стои во демантот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.