“АББА” повторно се собраа и се враќаат на музичката сцена: Новите песни се очекуваат после лето

Познатиот бенд АББА повторно се враќа на музичката сцена. Бендот од Шведска повторно се собра и спремни се да ја пoкoрaт светската естрада.

Последниот албум на овој популарен бенд беше „The Visitor“. Овој албум беше објавен уште во 1981 година.

Од бендот изјавија: Песните ќе бидат објавени оваа година, се надеваме по летото. Можно е само да шпекулираме, затоа што не сме целосно сигурни. Не треба да даваме лажни ветувања, но ако се запрашаме би требало да биде септември.

На јавноста веќе и се познати и насловите на две песни „I Still Have Faith In You“ и „Don’t Shut Me Down“. Едната песна ќе биде изведена во поп звук, додека втората ќе биде подинамична.

За потсетување АББА е основана во 1972 година во Стокхолм. Две години подоцна тие ја освоија Евровизија со песната „Ватерло“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.