Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во вчерашното гостување на ТВ21 обвини за „копање“ криптовалути во училишни објекти.
„Имам информации дека во училишта кои се раководени од ДУИ се копаат криптовалути, каде е полицијата и што преземаат институциите?“, кажа Села.
Села додава дека кога ќе има повеќе и конкретни информации и имиња ќе излезе јавно на прес-конференција.