Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека различните состаноци се можност за неформални средби и разговори, каква што беше и неговата вчерашна средба со Доналд Трамп.
“Пред почетокот на состанокот зборував со Борис Џонсон за одбележувањето на 180 годишнината од дипломатските односи во Форин офис, а на американскиот претседател Доналд Трамп, со кој се имам сретнато пред 4 години, му ги донесов сите насловни страни од нашите весници кога тој беше избран”, изјави Дачиќ.
“Србите најмногу навиваа за него”, рече Дачиќ и додаде дека Србија се надева дека ќе го пречека Трамп, како првиот американски претседател по Џералд Форд.
Како што наведува Дачиќ, Трамп реагирал позитивно, рекол дека му е драго и прашал дали Ана Ивановиќ сеуште игра тенис.
Ф.Г.