Синоќешниот митинг на СДСМ во Прилеп, на кој освен лојалното членство на партијата од градот, присуствуваа стотици граѓани од сите краишта на државата, остави пустош на градскиот плоштад “Методија Андонов – Ченто”.
Плоштадот не бил повалкан ниту за “Пиво Фест”. Oбичните раѓани кои не ги интересира политика, беа најмногу револтирани од ваквата слика.
Пластични шишиња, хартија, купишта лушпи од семки и сончоглед….. беа дел од сметот со кој утрово мораа да се соочат комуналците од Прилеп.
Тие кои ветуваат чиста животна средина и главен проект им е чист воздух за сите граѓани, зад себе оставаат еден тон ѓубре.