Што мислат Македноците во Бугарија за Заев ?!

Зоран Заев ќе го потпише договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија, за кого народот се уште не знае која е неговата содржина. Јордан Костадинов, борец за националните права на Македонците во Бугарија вели дека Заев ќе го потпише договорот бидејќи во него нема национална свест на Македонец, неговиот интерес е само да ја задржи власта и да трупа капитал.

jordan-kostadinov

-Тој нема национална свест на Македонец, тој има интерес да ја задржи власта и да трупа капитал. Тоа се основните идеи во неговата психа, во неговата идеологија. Сме давале покани на Општина Струмица за прослави, сме биле на телевизија, на радио. Лично сме имале контакти со Заев да прати едно автобусче, една кола, да положи свежо цвеќе, никој не дошол, изјави Костадинов.

 

Тој вели дека Груевски не го потпишал договорот за добрососедство затоа што не бил најден заеднички јазик, не сакал да се помести од националните интереси.

-Затоа што тука стоеше меѓународното право и договорите кои ни даваат право да си ги зголемиме правата и тогаш да се потпише договорот за добрососедство. Не може еден јазик да се запази и да се почитуваат правата на Македонците во Бугарија, во илинденскиот дел, во Албанија итн. Ние Македонците немаме организирано организација во Бугарија и немаме никакви политички права, не можеме да учествуваме во политичкиот, општествениот живот, изјави Костадинов.

Извор: kurir.mk

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.