Светот ја почитува нашата традиција, песна и култура. Доказ за тоа е ова видео кое е објавено на фејсбук страната на Светскиот Македонски Конгрес од Австралија.
Група на ученици од приватно училиште во Америка ја пеат и играат на песната “Што имала к’смет Стамена”.
Професорката во видеото вели дека оваа песна ја научиле за време на нивната посета во Малешевијата во Македонија, а една од ученичките ја раскажува приказната која стои зад оваа песна.
Толку добро ја имаат совладано песната, што можеби ја пеат подобро и од нашите деца.
Секоја чест за учениците и професорите во ова училиште што покажале интерес за дел од нашата традиција и култура.
Погледнете:
А/Г/