Штипјани креативни во идејата да и помогнат на општината во справување со кратерите по улиците (ФОТО)

На Фејсбук страната “Штипски актуелности” објавена е креативна идеја за справување со кратерите низ улиците на Штип.

Штипјани симболично засадија цвеќиња на повеќе места на коловозите и на тој начин сакаат да ја поттикнат општината и градоначалникот Благој Бочварски конечно нешто да сработат во градот под Исарот.

“ПАЗИ ЦВЕЌЕ! Ново предупредување за возачите во Штип. Поради тоа што локалната власт не се грижи за состојбата на улиците, граѓаните решија сами да се погрижат засадувајќи цвеќиња во дупките-кратери на градските улици. Градоначалникот ветуваше асфалт од 10 cm но сега добиваме 0 cm. Негрижата за состојбите во градот од ден на ден се повеќе растат а локалните власти на чело со градоначалникот ова ниту го гледаат ниту го слушаат” – стои во објавата на групата.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.