Широките насмевки на детските лица се најголема потврда за успешно реализираниот проект „Изворска – извор на креативноста“

Нема поголема награда од широките насмевки и искрената радост која ја покажаа преку 1000 дечиња од 8 градови низ Македонија кои беа вклучени во едукативниот проект „Изворска – Извор на креативноста“, организиран од страна на Маркетинг агенцијата „Маркетинг микс“, а поддржан од Компанијата „Кожувчанка“.

DSC_0032

Проектот кој имаше за цел да влијае на подигање на свеста кај најмладите за редовно консумирање на чиста вода се реализираше во текот на месец мај преку креативни работилници за работа со полимерна глина во која учествуваа ученици од четврто одделение.

DSC_0063

Преку овие работилници дечињата не само што се едуцираа за важноста на водата за човечкиот организам, туку ја развиваа и детската креативност, моторичките  и ликовните вештини преку изработка на магнети за фрижидер во форма на шише.

DSC_0075

„Поддршката на едукативни проекти, особено оние со кои се опфатени најмладите, биле и остануваат приоритет за нашата компанија која со години го потврдува нашиот позитивен однос кон заедницата. Веруваме дека со поддршката на вакви проекти активно учествуваме во креирањето на позитивните промени во нашата заедница и градењето на подобра иднина за целото општество“ – изјави Митко Јовановски маркетинг менаџер во тимот на „Кожувчанка“.

DSC_0057

Проектот и дополнително ги мотивираше младите да ја изразат својата виузелна креативност и да  се вклучат во изборот за најкреативна фотографија, а трите најкреативни фотографии кои беа одбрани од страна на фејсбук публиката беа наградени со велосипед и ролерки.

DSC_0042

„Нашата цел: да ја поттикнеме детската креативност, да влијаеме врз подигање на свеста за стекнување здрави животни навики и да го стимулираме позитивниот натпреварувачки дух е остварена. Нашата агенција веќе неколку години наназад во континуитет врши едукација на младите од целата држава и ќе продолжиме со таа практика“ – изјави Лилјана Варадиновска директор од Маркетинг агенцијата „Маркетинг микс“.

DSC_0091




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.