Шешељ заедно со 1000 од неговите Радикали се сели на Косово

Лидерот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ најави преселување на Косово и Метохија.

“Доста беше само празни зборови, време е за конкретна акција. Се селам на Косово, прво во северниот дел од Косовска Митровица, а потоа ќе видам. Каде ќе бидам најпотребен таму ќе отидам”, изјавил Шешљ.

“1000 од моите Радикали заедно со своите семејства исто така ќе се преселат на Косово. Нема сите да бидеме на иста локација. Некои ќе бидат на северот, некои на југот”, додал Шешељ.

“Ги повикувам сите останати патриотски движења и партии да се придружат на нашата акција “Сите на Косово – За голема Србија”. Очекувам после мене и српскиот патријарх Иринеј да се пресели во Печ, каде и му е местото. Ако партијархот се пресели во Печ, јас ќе испратам 300 Радикали да го чуваат дење и ноќе. Нема влакно да му фали”, завршил Шешељ.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.