Шест конвои со по 20 борбени возила денеска влегоа во Македонија

Во шест конвои со по 20 борбени возила денеска преку граничниот премин „Деве Баир“ од Бугарија во Македонија пристигнаа 300 припадници на Вооружените сили на САД кои ќе учествуваат на заедничката вежба со инженерците Армијата на Република Македонија „DRAGOON GUARDIAN 17“.

 

arm1

Во Куманово по официјалниот дел на започнување на вежбата која ќе се одвива на Армискиот полигон „Криволак“ како и во неколку градови во Македонија ќе бидат презентирани дел од борбените возила на ВС на САД.

Утре и задутре, во рамки на цивилно-воената соработка, возилата ќе бидат презентирани во Скопје, Штип и Велес при што преку интеракција со локалното населенија покрај презентацијата ќе се реализираат фитнес сесии како и детски натпревари. На 31 автуст на Криволак ќе се одржи отворен Ден за високи гости и медиуми. На 3 и 4 август продолжуваат активностите со цивилно воената соработка во Струмица и Струга каде покрај презентацијата на опремата ќе се одржи и фудбалски натпревар помеѓи припадниците од двете армии со локален клуб.

arm

На полигонот „Криволак“ денеска ќе започнат и заедничките активности на двете армии на која АРМ со 95 припадници ќе ја прикаже подготвеноста во одговор на сценариото подготвено за вежбата. Прва активност ќе биде изработката Полетна-слетна патека (ПСП) за беспилотни летала во должина од 300 и широка 30 метри. ПСП ќе биде изработена по сите стандарди на американската војска, а ќе остане во користење на АРМ. За време на вежбата инженерците ќе расчистуваат патишта од импровизирани експлозивни направи, а АБХО единиците ќе увежбуваат заштита од атомско оружје и начинот на деконтаминација. Последна активност ќе биде запознавање со личните вооружувања на двете армии при што ќе бидат изведени и боеви гаѓања.

Вежбата е наменета за поддршка на целите за обука за зајакнување на стандардните оперативни процедури на инженерските и АБХО единиците од составот на АРМ, како и унапредување на заемното разбирање меѓу АРМ и ВС на САД.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.