Документите од кои е тргната ознаката за тајност се објавени и покажани на јавноста, од кои се гледа дека либискиот лидер Моамер Гадафи бил во добри односи со британските разузнавачки служби. Заедно работеле на пронаоѓање на либиски терористи, но и дисиденти. Либискиот новинар Мустафа Фетури објаснува зошто Британија му го свтела грбот на Гадафи
Фетури вели дека во време кога Тони Блер бил премиер, а шеф на разузнавачката служба Ричард Дирлав,тогашниот либијски лидер бил само „привремен“ сојузник.
„Не би требало да се заборави дека Либија во тој момент имаше, така да кажам, најдобра база на податоци на сите терористички организации, како што беше Ал Каеда во Пакистан и Авганистан.
Тоа е време кога Бин Ладен го поддржуваа Американците, за да се спротивстват на СССР во Авганистан.
Меѓутоа, тогаш од сите држави на светот единствено Либија во 1980. година издаде меѓународна потерница и барање да се уапси Бин Ладен“, потсетува Фетури.
Либијскиот новинар претпоставува дека Тони Блер воспоставил поблиски врски со Гадафи за да се заборави трагедијата во Локерби и да направи некаков нов почеток во односите. Исто така, Фетури смета дека Британците на тој начин одново извлекле корист за нив, добивајќи информации за терористите.
„Мораме да имаме на ум дека запaдните држави, посебно САД, Велика Британија и Франција, никогаш посебно не го сакале или се жалеле од Гадафи.
Тие држави не го поддржуваа неговиот режим, секогаш гледаа своја корист и имаа свој план Б.
Само што се појави и најмала шанса планот да им успее, тие запани држави ја искористија и го активираа планот. Исто така, САД, Франција и Велика Британија не водат сметка за своите ветувања и обврски кон другите држави, посебно ко оние како што беше Либија под власт на Гадафи.
Морам додадам дека ниту самиот Гадафи не им веруваше многу“, објаснува либискиот новинар и додава дека Гадафи во последните години од власт повеќе водел смека што се случува во земјата и со тоа посредно им даде прилика на Западот.
Новинарот ја коментира и ситуацијата во врска со некои Либијци кои претходни биле прогонувани или депортирани од својата земја (како Абдел Хаким Белхаџ, кој беше уапсен со посредство на Гадафи од британските служби). Според него, западот ги користи луѓето ако има интерес.
Терористи како Белхаџ, се рехабилитирани и имаат друг статус ако од нив корист има западот.
Извор: “Инфомакс”