ШПАНСКИОТ СЕНАТ ЈА УКИНА АВТОНОМИЈАТА НА КАТАЛОНИЈА: На улиците во Барселона илјадници ја слават независноста! (ВИДЕО)

Шпанскиот Сенат ја укина автономијата на Каталонија и одобри воведување директна управа во тој регион.

Според Одлуката на Сенатот, ниту владата во Барселона веќе нема извршна надлежност во Каталонија.

Сенатот во Мадрид го активираше членот 155 од шпанскиот Устав, кој му гарантира на премиерот на оваа земја Мариано Рахој, пакет на вонредни надлежности за потиснување на независноста на Каталонија.

Каталонските пратеници кои гласаа за независност би можеле да се соочат со гонење за побуна или дури и бунт, пишува “Њујорк Тајмс”.

Oд друга стана на улиците на Барселона веќе масовно се слави прогласувањето на независност.

А/Г/

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.