Шпанија стави вето на предлог текстот за заедничката декларација планирана за објавување за време на самитот во Софија, пишува шпански “Pais”.
Како што се наведеува, причината “не е надворешната политика на ЕУ”, туку “името и потписот на шпанскиот претседател Марјано Рахoј не смее да стои на ист документ со лидерот на Косово”, чија независност Шпанија не ја признава.
Шпанскиот весник наведува дека оваа информација е потврдена од дипломаткси извори, како и дека Рахој најверојатно ќе ја напушти Софија и самитот пред да започне состанокот на кој ќе присуствуваат нависоките претставници на Македонија, Србија, Албанија, БиХ, но и Косово.
Рахој претходно говореше за тоа колку е проблематично што во Брисел истовремено се говори за проширување со државите кои не се признати.