ШОКАНТНО ПИСМО ОД СЕМЕЈСТВОТО НА АВИЧИ: Славниот диџеј се самоубил?

Семејството на шведскиот диџеј Авичи кој почина пред неколку денови, на возраст од само 28 години, даде нова изјава за јавноста во која се имплицира дека познатиот музичар си го одзел животот.

Според медиумите кои ја пренесоа веста, изјавата на семејството која е дадена на шведски јазик уште повеќе имплицира за негово самоубиство, отколку нејзините преводи на други јазици.

Полицискиот извештај за причината за смртта на познатиот музичар би требало да биде објавен во следните денови.

–Нашиот сакан Тим беше трагач, кревка уметничка душа која бараше одговори на егзистенцијални прашања. Предан перфекционист кој патуваше и напорно работеше со темпо кое го доведе до екстремен стрес. Кога престана со турнеите, сакаше да пронајде рамнотежа во животот за да биде среќен и да може да го прави она што најмногу го сака – музиката. Вистински се мачеше со мислите за борбата, животот, среќата. Веќе не можеше понатаму. Сакаше да пронајде мир. Тим не беше создаден за машинеријата во која се најде, беше чувствително момче кое ги сакаше своите обожаватели, но ги одбиваше рефлекторите на славата. Тим, ќе те сакаме засекогаш и ќе ни недостасуваш. Личноста која беше и твојата музика ќе го одржат сеќавањето за тебе кај живите – пишува во писмото од неговото семејство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.