ШОК: ”Повисоки сметки за вода, наместо 20% пониски?! Ќе му ги враќаат во плико на градоначалникот, тој да ја плати разликата од 20%!?”

Прилепчани од идниот месец ќе плаќаат повисоки сметки за вода, наспроти ветувањето на актуелниот градоначалник Илија Јованоски дека водата ќе поевтини за 20 %.

Иако денеска на 9-тата седница на Советот на општина Прилеп, советниците од СДСМ и коалицијата имаа можност да останат доследни на ветувањето на градоначалникот, сепак се донесоа одлуки за зголемување на сметките за вода.

Цената на водата за пиење останува непроменета, но зголемена е цената за собирање и одведување на урбани отпадни води.

Наместо досегашните 3 денари по метар кубен, утврдена е цена од 5,28 денари, или плус 2,28 денари на секој потрошен метар кубен водат.

На потрпшувачка од 20 метри кубни месечно тоа ќе значи плус 45 денари на сметката за вода за пиење.

После седницата своја изјава даде и координаторот на советничката на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата “За заедничка Македонија” и претседател на Општинскиот комитет на партијата во Прилеп, Петар Ристески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.