Робусниот теренец може да поднесе тон ипол терет, а неговиот резервоар собира 260 литри гориво
Kaко да излегол од научнофантастичен филм. Руското теренско возило “Шаман” на осум тркала навистина изгледа футуристички.
Може да се движи по најразлични терени, а она што е посебно интересно е дека со него може да управува секој возач на автомобил.
“Шаман” е долг 6,3 метри, висок е 2,7, додека ширината на овој теренец изнесува 2,5 метри. Тежината на ова возило изнесува 2,5 тони.
Ако ве интересира, цената на овој ѕвер изнесува 183.000 евра