Човек поголем од планина: Прилепчанецот кој го спаси својот колега од сигурна смрт е новиот македонски ХЕРОЈ

Како што информираа медиумите, во вторникот 23-годишниот Д.Р. од Прилеп 20 минути се борел со водата во канал за наводнување за да го спаси својот 59-годишен колега Л.М. од Неготино, кој претходно при трасирање на гасовод, во атарот на селото Шивец, паднал во отворениот канал и почнал да се дави.

Според портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски двајцата работници вршеле трасирање на гасоводот во атарот на селото Шивец, во близина на топилница „Фени индустри“, при што Л.М. паднал во водите на отворениот канал за наводнување и почнал да се дави. Во водите скокнал Д.Р. за да го спаси и по дваесетминутна борба со водата двајцата успеале да излезат од каналот.

Иако не е познат неговиот идентитет, ова момче со сигурност е новиот македонски херој, кој докажа дека големината на човечкото срце и пожртвуваноста, можат да надминат и планина.

Секоја чест за овој наш сограѓанин!

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.