Честитки до православните христијани по повод празникот Голема Богородица и Денот на рударите упати градоначалникот Марјан Ристески

1-IMG_0935

По повод големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“,  градоначалникот Марјан Ристески упати честитка до сите верници од православна вероисповед што денеска го празнуваат овој празник и воедно им го честита  денот на рударите. По тој повод градоначалникот Ристески денеска ги посети црквите „Св. Благовештение“ и „Св. Петка“, како и манастирите и црквите во населените места. Во манастирот  „Св. Ѓорѓија“ –  Дервен, денеска се служеше празничен ручек по повод денот на рударите. Градоначалникот Ристески на сите рудари им го честита празникот и им посака да ги следи добро здравје и да постигнуваат уште поголеми успеси. Во попладневните часови, празнувањето продолжи преку игра, оро и песни во знак на одбележување на десетгодишното постоење на НВО „Мајка Традиција“.

1-IMG_0957

1-IMG_0860

1-IMG_0867

1-IMG_0915

1-IMG_1125

1-IMG_1101

1-IMG_0987




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.